Италијанскиот тенисер, Јаник Синер освои уште еден мастерс трофеј откако со 2-0 во сетови го победи Франсис Тиафо во финалето во Синсинати.
Синер беше фаворит во финалниот меч, но Тиафо пружи силен отпор во првиот сет. Се играше без загубен сервис, па тајбрејкот го одлучуваше сетот.
Првиот сет беше апсолутно израмнет, се играше без брејкови и двајцата тенисери беа стабилни. Така беше до самиот крај, тогаш Синер имаше брејк и сет-топка, а откако не ја искористи се влезе во тај-брејк. Во него Италијанецот беше посигурен и со 7-4 дојде до водство.
Тоа како да му даде елан за игра на Синер, веднаш отвори со брејк, а потоа во уште еден долг гем и вторпат му одзеде сервис на Тиафо за 4-1. Откако Американецот спаси три меч-топки на свој сервис, Синер беше сигурен кога сервираше и со 6-2 го обезбеди трофејот.