Македонскиот стопер Дарко Илиески одигра одличен натпревар за Истиклол Душанбе во Таџикисан и го даде првиот гол во Азија.
Екипата од Душанбе триумфираше со 2-0 над Куктош, а Илиески успеа да ја погоди противничката мрежа во 75. минута. По еден изведен корнер топката заврши на спротивната страна, па по центаршут, Илиески со глава го совлада противничкиот голман.
Илиески, 28-годишниот стопер во Душанбе пристигна од редовите на македонскиот Шкупи.