Дони Вармердам е 20-годишен фудбалер кој сѐ уште нема настап за првиот тим на Ајакс, но веќе има 40-на меча за резервниот тим и сега тој е обвинет од 18-годишна девојка со која бил на забава во малото место Ворхот, а ја силувал пред шест месеци.
„Се бакнувале и потоа Дони ја однел на спратот и сакал нешто повеќе, но девојката се обидувала да се оттргне од него. Потоа ѝ ги искинал гаќичките и ја силувал. Девојката по неколку минути плачејќи ја напуштила забавата. Јас ја прашав дали има докази, а потоа ми покажа конверзации со другарките кои ја прашувале дали е добро. Молчела, но откако видела што се случува во Ајакс сѐ пријавила во полиција. Наскоро ќе следува сослушување“, објавил новинарот Денис Шутен.
Од Ајакс засега не ги коментираат овие тврдења на новинарот Шутен околу новата афера која го тресе холандскиот великан.