Шведска ја победи Летонија со 3:2 на Зимските олимписки игри во Пекинг во хоеарскиот турнир, а потегот на мечот му припадна на шведскиот напаѓач Макс Фриберг. Фриберг направи маестрален потег кога на невиден начин се снајде во тешка ситуација. Бидејќи беше добро чуван, не можеше со стап да го достигне пакот што беше во воздухот, па скокна и фантастично со глава асистираше до својот соиграч.
Овој потег веднаш стана хит на социјалните мрежи, а особено воодушевени беа коментаторите на натпреварот. Инаку, Фриберг игра за Фролунде, а пред десет години беше член на НХЛ тимот Анахајм Дак, кој го драфтуваше во 2011 година.