Се сеќавате на Раул Браво (40)? Овој поранешен шпански репрезентативец беше европски првак со Реал во 2002 година, а дресот на кралскиот клуб го носеше пет години. Со Олимпијакос беше трикратен грчки шампион, а играше и за Лидс, Арис, Рајо Ваљекано, Верија, Кордоба и Бершот. Браво пред три години беше во центарот на корупцискиот скандал за местење натпревари во Ла Лига, поради што заврши во затвор.
Браво исто така беше уапсен и обвинет за обид за атентат врз Дарко Ковачевиќ, поранешен српски напаѓач. Пред две години, Ковачевиќ бил во автомобилот кога напаѓачот дошол до него. Тој излегол од автомобилот, а потоа се приближил до возилото на поранешниот легендарен српски фудбалер.
Ковачевиќ во последен момент успеа да реагира и да легне и на тој начин си го спаси животот. Некои медиуми пишуваа дека Ковачевиќ му замерил на Браво во Олимпијакос, каде што ја делеле соблекувалната од 2007 до 2009 година.
Сепак, поранешниот играч на Реал Мадрид во интервју за Марка ги негираше сите обвинувања.
„Бев шокиран кога видов дека пишува дека сум го наредил убиството“, започнал Браво, а потоа продолжил: „Сум кажал дека и претходно, мојот однос со Дарко е одличен. Нивните обвинувања се целосна измислица, лудило.
Разговарав со Дарко, два дена после тоа ми се јави и знаев дека ќе се смее на такви глупости. Тој призна дека неговото семејство се плаши и не знае зошто се случило тоа. Му реков да остане смирен“, изјави Браво.
По сите маки и проблеми кои ги имаше во приватниот живот, Браво реши да му се врати на фудбалот на 41 година по пауза од речиси пет години. Тој потпиша за Пего ова лето и сега стана член на шпанскиот нисколигаш Бениопе кој гордо го претстави на официјалната веб-страница на клубот.