Аргентиската фудбалска суперзвезда Лео Меси вечер на церемонијата во Париз ќе ја добие “Златната топка“ по осми пат. Без дилеми, ако веќе е во Париз јасно е дека нему ќе му припадне најважната поединечна награда во светот.
Ерлинг Халанд е втор, а Килијан Мбапе само на третото место.
Дека оранизаторот мисли на се што треба, доказ е и тоа дека каде ќе седи Меси. А ќе биде покрај своите соиграчи од репрезентацијата Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез кои исто така беа номинирани за најдобар фудбалер во светот за изминатата година.
Церемонијата во театарот „Шателет“ во Париз започнува вечерва во 19 часот.