Поранешниот италијански шампион Јувентус триумфираше на гости кај Специја со 2-0 и ја запиша третата победа по ред во Серија А.
Специја не беше воопшто лесен противник, но не искористи ниту една од своите шанси во првиот дел, па казната стигна преку Кин во 32. минута.
Идентична ситуација и во вториот дел, кога Специја повторно промаши неколку одлични можности за израмнување, а потоа стигна голот на аргентинецот Ди Марија (2-0).
Јувентус со 32 бода се наоѓа на седмата позиција во Серија А, додека Специја е на 17. место со 19 бодови.