Борусија Дортмунд со шеста победа по ред, продолжи да гази сè пред себе во Бундеслигата, па вечерва жртва им беше берлинска Херта (4-1).
„Милионерите“ го постигнаа првиот гол преку Адејеми во 27. минута, а потоа Мален зголеми на 2-0 во 32. минута.
Тусар ја врати надежта кај гостите, откако погоди за 1-2, меѓутоа Дортмунд не дозволи изненадување, па преку Ројс и Брандт ги постави конечните 4-1.
На првата позиција во моментов се Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Унион Берлин, кои имаат по 43 бода, додека Фрајбург има 40 бодови на четвртото место.