Рајо Валјекано со нашиот Димитриевски на голот, ја продолжува серијата без пораз во Ла Лига, откако денеска одигра реми 1-1 против Севилја во 22. коло од шпанското првенство.
Сусо во 29. минута ја затресе мрежата на македонскиот голман Столе Димитриевски за водство од 1-0 на Севилја, по што Рајо имаше шанси да се врати, меѓутоа резултатот не се промени до крајот на првото полувреме.
Екипата на Рајо се врати во игра во 65. минута преку Флориен Лужен, кој израмни на 1-1 за да обезбеди еден бод.
Рајо има 34 бода на шестата позиција во Ла Лига, додека Севилја е на 12. место со 25 бодови.