Најслабиот бундеслигаш Шалке 04 успеа да одолее во Берлин и да го сопне фаворизираниот Унион Берлин , спречувајќи ја сензацијата сезонава да го прескокне првакот Баерн Минхен и да биде нов лидер во германската елита во ова 21. коло.
Фудбалерите на Унион Берлин ремизираа без голови на домашен терен и не успеаја да се искачат на врвот на табелата во Бундес-лигата. Домаќинот не успеа да најде решение во нападот и ја прекина победничката низа.
Најпријатното изненадување во Бундес лигата Унион Берлин останува на втората позиција со 43 бода, колку што има и лидерот Баерн Минхен, но со подобра гол – разлика.