Чиро Имобиле за девет минути даде два гола, и на Лацио му ја донесе 12-та сезонска победа, на гости кај Салернитана со 2-0. Лацио останува во тесна трка за место во ЛШ, сега позициониран како четврти со бод повеќе и меч повеќе од градскиот ривал Рома.

На Лацио за да го скрши отпорот во Салерно му требаше цел час, за Имобиле од 60-та до 69-та минута двапати да погоди и да ја обезбеди важната победа за 42 бода на контото, два помалку од третиот Милан, а пет зад вториот Интер. Аталанта доживеа шок со поразот денес од Лече на домашен терен и остана на 41 бод зад Лацио како шеста.

Бразилецот Артур Кабрал со гол на пет минути пред крајот спречи пораз на Фиорентина на „Артемио Франки“, за реми 1-1 со Емполи, кој поведе со гол по пола час игра преку Николо Камбраги.

За Фиорентина ова е 25-ти бод со серија од пет меча без триумф, додека Емполи дојде до 28 бод со трето реми во последните четири меча, па двата тима се на средина од табелата.