Само 50-на секунди на Џек Грилиш му требаа да донесе водство, а Ерлинг Браут Халанд по 15 минути ја дуплираше предноста и сѐ потоа беше јасно дека првакот ќе победи, а Вулфс им ја олесни уште повеќе задачата, откако Нејтан Колинс за кунг-фу ударот врз Грилиш доби директен црвен картон по пола час игра.
Фил Фоден во 69-та минута додаде трет гол колку само да ја потврди победата, која воопшто и не беше доведена во прашање. Сити по седум кола има 17 бода и сега е лидер, два пред Арсенал, а три пред Тотенхем со меч повеќе од лондонските ривали.
За Вулфс ова беше трет пораз сезонава и овој клуб со само шест бода од седум меча е на 16-то место на табелата.