Болоња го победи Фрозиноне со 2-1, а вториот гол на домашните ќе се памети, бидејќи вакви голови ретко се постигнуваат во Серија А.

Ветеранот Лоренцо Де Силвестри успеа да ја затресе мрежата на противникот со фантастичниот гол со глава и тоа со шут од надвор од 16-никот. Претходно, ваков гол во Серија А падна во мај 2011 година, а стрелец беше Џенаро Гатузо.

Голот на Де Силвестри може да го видите ТУКА.

Попладнево во италијанската Серија А се играше уште еден меч, Салернитана и Калјари одиграа спектакуларни 2-2 со четири гола во последните десетина минути од дуелот, па овие два тима и понатаму се без победа сезонава.