ОФС Струмица, освен Пандев, ги избра и Ѓорги Гоцевски и Ванчо Коцев за делегати во собранието на ФФМ, а сега се очекува потврда на нивните мандати од федерацијата за да може да учествуваат на годишното собрание, кое е закажано за март.
Поради потегот на ОФС Струмица лани да не избере делегати и да му даде поддршка на Сејдини беа суспендирани повеќе од 20 судии, контролори и делегати од општинскиот сојуз.
Македонскиот фудбалер е голем противник на актуелното раководство на ФФМ и често ги критикува нивните одлуки особено раководењето со Македонската лига.