Синот на поранешниот ас Роналдињо, Жоао Мендес де Асис Мореира, денес потпиша договор со Барселона, a за почеток ќе настапува за Б-тимот, објави клубот од „Камп Ноу“.
Тој дојде преку академијата на Пари Сен Жермен во Бразил, а потоа и Крузеиро, но сега беше слободен агент.
Наследникот на легендата Роналдињо се приклучи на клубот во кој играше неговиот татко меѓу 2003 и 2008 година. Тој има 18 години, помина низ тестови во јануари со тимот на Барселона до 19 години и очигледно успеа да ги убеди тренерите во своите квалитети.