Викендов беше отворена новата сезона во бразилската фудбалска Серија А, а воведното коло донесе дерби пресметка меѓу екипите на Гремио и Сантош.
Бразилските екипи беа активни и изминатиот период поради шампионатот Гаучо и фудбалерите влегуваат во новата сезона во најдобри можни услови, па разиграниот Гремио продолжи да победува и славеше со 1:0.
Великанот од Порто Алегре извојува победа благодарение на голот на Жоао Педро во првиот дел, додека во вториот дел пропушти голема шанса за уште посигурен триумф на натпреварот.
Гремиот доби пенал во 54-та минута, а сосема очекувано, одговорноста ја презема искусниот уругвајски голгетер, Луис Суарез.
Сепак, епилогот не беше онаков каков што се очекуваше, бидејќи уругваецот најверојатно го изведе најлошиот пенал во кариерата и самиот не можеше да поверува што се случи.
https://twitter.com/FootballReprt/status/1647734722057977863?s=20