Големото германско дерби заврши без победник, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ремизираа (1-1) во Дер Класикер. Мусијала е херојот на Баерн Минхен, кој во 85.минута со удар со глава ја затресе мрежата на „милионерите“ и обезбеди бод за Баерн.

Борусија Дортмунд поведе во 27.минута со голот на Џејми Биноа-Гитенс. Тој направи продор по левата страна и со одличен удар го совлада голманот на Баерн, Мануел Нојер.

На крајот, Баерн успеа да остане непоразен и со 30 бода е убедливо на врвот на табелата во Бундес-лигата.