Менаџерот на Mанчестер Сити, Јозеф Гвардиола, беше прилично изненаден од веста што ја слушна денеска од новинарите. Искусниот бразилски играч за врска Фернандињо(36) објави дека го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната и го шокираше менаџерот на „граѓаните“.
Искусниот играч за врска на почетокот на мај ќе го прослави својот 37-ми роденден. Јасно е дека неговата игра полека опаѓа, па Сити нема намера да го продолжи неговиот договор кој истекува на крајот од сезоната. Фернандињо по девет години ќе го напушти клубот, но нема намера да ја заврши кариерата. Тој сè уште сака да игра.
„Сакам да играм. Се враќам во Бразил, тоа е сигурно. Решив да го направам тоа за семејството, тоа ми е најважно“, изјави Фернандињо.
Неговиот потег го изненади менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
„Не знаев за тоа. Првпат од вас слушам. Навистина не знаев. Ќе го прашам лично него, тој е важен играч во нашата соблекувална“, изјави Гвардиола.
Фернандињо помина девет години во Манчестер. Тој пристигна во 2013 година од украински Шахтјор за 34 милиони фунти. Долги години Бразилецот беше многу важен фактор во играта на Сити. Тој одигра 373 натпревари и постигна 25 гола.