Фудбалерите на Холштајн Кил запишаа уште еден пораз во Бундеслигата откако денеска загубија од Ајнтрахт со 2-4.
Холштајн го пречека Ајнтрахт кој беше фаворит и дојде на само еден бод лидерот на Баерн Минхен на табелата. Египќанецот Омар Мамуш во 25. минута ја отвори серијата на голови, а само пет минути подоцна домаќините изедначија со голот од пенал на Јапонецот Машино.
Се играше 47. минута кога Хрватот Матановиќ го врати водството на Ајнтрахт. Машино со својот втор гол изедначи на 2:2, но во продолжение Мармуш погоди уште еднаш, а гол постигна и Тута за конечни 2-4.