Каталонците доминираа против тимот од Истанбул, кој не упати ниту еден удар во рамките на голот, но мрежите мируваа и покрај 14-те удари на избраниците на Чави кон голот на ривалот.
Галата успеа да даде гол во 79. минута, но со проверка на ВАР беше утврдено дека Бафетамби Гомис е во офсајд. На другата страна Мемфис Депај беше најагилен, но не успеа да реализира ниту една шанса.