Екипата на Барселона доминира во женска конкуренција. Каталонскиот тим одигра одлично финале и триумфираше над Лион (2-0) со што дојде до трофејот во Лигата на шампионките.

Дамите од Барселона така ја обединија тројната круна и станаа четврти колектив од Барселона кој успеал да направи такво нешто, вторпат по 2021 година, а вкупно четврти пат по оние титули на мажите во 2009 и 2015 година.

Во финалето кое се одигра на „Сан Мамеш“, во првиот дел немаше голови и се водеше голема тактичка битка, меѓутоа во вториот дел, откако Бонмати во 63. минута погоди за предност на Барселона, Лион се отвори, а печат на триумфот стави Путељас во 95. минута.

 

За Барселона ова беше втора титула во Лигата на шампионите.