Актуелниот шпански првак Барселона многу потешко од очекуваното го скрши отпорот на Атлетик Билбао дури во финишот, и успеа да оствари минимална победа со 1-0 во десеттото коло од шпанската Примера.
Првото полувреме мина во прилично мирна игра, со повремени блесоци на домашниот тим. Барса имаше и многу поголем посед на топката, но не ги искористи шансите. Жоао Феликс ја погоди пречката по извонредниот продор на Феран Торес. Сепак мрежите мируваа, а почетните 0-0 останаа и на паузата меѓу двете полувремиња
Каталонскиот гигант продолжи во сличен ритам на стартот од вторите 45 минути и се обиде да ја принуди на капитулција гостинската одбрана, но и Атлетик покажуваше знаци на сериозен тим кој точно знае што посакува. Баскискиот тим имаше и свои шанси, но реализацијата изостана во два наврата.
Момчињата на тренерот Чави во продолжението заиграа уште поангажирано и создаваа притисок на гостинската дефанзива, а наградата пристигна во 80. минута, кога тинејџерот-дебитант Марк Гују 17 годишното момче го постигна единствениот гол и конечните 1-0 за Барса. Гују го постигна дебитантскиот гол во сениорскиот тим на каталонскиот гигант. .
Гују влезе во игра една минута претходно и од прв допир со топката ја израдува Барселона затоа што го матира Симон и обезбеди три бода за каталонската екипа, а воедно младиот шпански фудбалер беше прогласен и за играч на натпреварот.
Барселона сега е на трето место на табелата со 24 бодови, а Атлетик Билбао е шести со 17 бода.
Барселона со овие три бода се доближи на само еден бод од Жирона и Реал Мадрид, кои се на делба на првата позиција во Ла Лига.