Навивачите на шпанскиот клуб Бетис ја продолжија убавата традиција што ја има, а тоа е во последниот меч на домашен терен во тековната година, да направат „дожд од плишани играчки“.
Фановите на Бетис од трибините фрлија дури 14.000 плишани мечиња, кои треба да бидат дадени на децата кои немаат и на оние на кои им е потребна помош да бидат израдувани за време на новогодишните и божиќни празници.
Бетис играше против Атлетик Билбао, дуелот заврши 0:0, но секако дека на крајот вистински победници беа фановите на домашниот тим.