Постојат две различни верзии, засега. Едната вели дека потпишал двегодишен договор за оваа вртоглава сума. Според другата, договорот е во траење од седум години, при што од Роналдо ќе се очекува да игра две и пол сезони, односно до јуни 2025 година, а потоа да продолжи со амбасадорска улога за Саудиска Арабија и тамошниот фудбал.
Ако е вторава варијанта вистинита, тоа значи до крајот на договорот ќе направи 1.4 милијарди евра, не сметајќи ги овде потенцијалните зголемувања по сезона или бонусите.
На Роналдо му беше раскинат договорот со Манчестер јунајтед за време на Светското првенство во Катар, откако претходно тој во интервју јавно го напаѓаше клубот, раководството, тренерот и дел од актуелните фудбалери и ѕвездите од минатото. Јасно беше дека ќе добие нова средина, а откако не успеа да се договори со ниеден клуб кој настапува во ЛШ – бидејќи тоа важеше за негов приоритет – се реши да ги одбере парите пред фудбалот.
Со вакви примања тој би бил најскапо платениот фудбалер на светот, надминувајќи го Килијан Мбапе, кој летоска потпиша нов договор со ПСЖ за 100 милиони евра по сезона.