Аеродромци имаа плус осум на стартот од последниот период (58-66), а потоа и плус пет пред самиот крај (74-69), но на 15-тина секунди до крајот Борна Капуста постигна луда тројка од десет метри за изедначување (75-75), по што сино-белите не го искористија последниот напад, па мораше да се игра екстра-период. Истиот кошаркар на идентичен начин од огромна далечина ја анулира предноста на сино-белите и во продолжението (82-81), со што го најави конечниот резултат.
МЗТ предводен од новиот тренер Драган Николиќ беше многу блиску до третиот триумф сезонава во АБА, но немаше среќа во клучните моменти. Мајк Кафи со 19 и Страхиња Миќовиќ со 17 поени беа најпрецизни кај „металците“.
Македонскиот шампион на крајот од првата полусезона во АБА има скор 2-11, во пресрет на гостувањето кај Партизан следниот викенд во Белград.