Кошаркарите на Анадолу Ефес го одбранија домашниот терен и го победија белградски Партизан (100-94) во кошаркарската Евролига.
Шејн Ларкин се врати во составот на турскиот тим кој е поранешен освојувач на елитното натпреварување, па американецот со турски пасош имаше голем придонес за триумфот на „пиварите“.
Пресметката во „Синан Ерден Доме“ беше спектакуларна, Партизан губеше со десет поени разлика (44-34), па направи пресврт во своја корист (64-74), ама иако влезе со двоцифрен плус во последните десет минути, Анадолу Ефес покажа неверојатна шутерска прецизност, постигна дури 34 поени во четвртата четвртина и го сруши сонот на белграѓани за победа.
Шејн Ларкин беше лидер во победничката екипа со 27 поени и осум асистенции, а Томпсон постигна 18 поени. Кај Партизан, Камински беше најрасположен, заврши со 24 поени, пред Дожиер со 21 постигнат поен.