Првата ѕвезда на Ал-Наср, португалскиот ас Кристијано Роналдо, постигна два гола во триумфот од 3-0 против Ал Акхдуд во првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо во 77. минута зголеми на 2-0, а три минути подоцна постигна прекрасен гол со лоб удар од далечина.
Првиот гол беше дело на Ал Наџи во 13.минута.
https://twitter.com/i/status/1728136719743230272
Сезонава португалскиот напаѓач Роналдо е автор на 15 гола во саудискиот шампионат и е лидер на листата на стрелци, пред србинот Александар Митровиќ кој има пет помалку.