Македонија никогаш досега не играла на Светско првенство, сега по 28 години колку што изминаа од првиот меч на независната македонска репрезентација, еден чекор нѐ дели од историја. За Португалците, таков успех, величенствен кој не го посакуваат, би било еден вид – возобновување на александровото царство
Целиот текст ви го пренесуваме во целост.
Победата над Македонците над Италија треба да ни е опомена. Но, победата над Германија во Дуизбург во март лани, требаше да им биде опомена на Италијанците.
Сега со ново име и додавка Северна на Македонија, прашањето е кај е Јужна? Или нема таква, има грчка провинција Македонија, после договорот од Преспа во 2018 година потпишан од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со што „заврши“ конфузијата за двајцата Македонци, кои во времето на Александар Македонци биле едно, а тој владеел со светот, марширал со неговите војски до Индија. Синот на Филип Втори и ученик на Аристотел, кој умрел во Вавилон, кој го избрал за главен град на неговата империја.
Македонија сега со додавката, повторно сонува за величенственост, како пред новата ера на својот славен војсководец, откако низ вековите страдаше од империјализмот и инвазиите, од Византија, Бугарија, Србија…, беше провинција на Југославија, а независна од 1991 година. Фудбалски самостојна од 1993 година.
И минатиот четврток, на Сицилија еден друг Александар (исто така Велики) Трајковски две минути пред крајот на судиското надополнување го кутна европскиот првак. Приказната за „малата Македонија“ наеднаш се смени..
Португалецот, вообичаено вулгарен и тажен после тој ужасен пораз на Луж од Србија, ја очекуваше „скуадра аѕура“ за битката за Катар. Ама, Италија не доаѓа во Порто, не оди на СП, иако го прескокна и минатото во Русија, а беше европски првак на последното Еуро 2020 играно во летото 2021 година. И сега, дали на сите што славеа за поразот на Италија им е полесно? Веројатно на сите што не се Македонци – да. Ама…
Предупредување! Немој да зборуваме после дека не сме биле предупредени. Италија не доаѓа, а наместо нив доаѓа тим кој првпат влезе во овој мундијалски плејоф, откако заврши како второпасирана со само два порази (од Романија 2-3 во Букурешт и од Германија 0-4 во Скопје), ама зад себе ги оставија Романците и Исланд.
И не е само Португалија свесна кој ни доаѓа, четата на Благоја Милевски, зашто Италија требаше да ги чуе предупредувачките ѕвона пред таа сензационална и фантастична победа на Македонците, зашто тие ја победија Германија со 2-1. Тие се луксузираа мислејќи дека нивната сила ќе го урне дефанзивниот бедем на Македонија, а таа Македонија – верува и верува и верува дури и по времето за верување!
Боби, како што сите нагалено го викаат селекторот, беше централен дефанзивец, со не многу славна кариера, ама решителен стратег кој го научи овој тим неверојатно цврст. Само пет примени голови на последните шест меча, од кои четири од Германија, за која беше јасно дека е решена да се одмазди за „срамот“ во Дуизбург.
Без оглед што Македонија првпат беше дел од Европско првенство, тој ковид-шампионат низ многу европски земји, Македонија дојде на чекор да ја достигне својата највисока точка во поновата историја. Пред нив е Португалија, но доаѓа после штотуку победена Италија, а во Италија не дојдоа да клекнат на колена за да му се поклонат на европскиот владетел.
Секогаш ќе остане споменот на Александар, младото момче кое на 20 години беше крал. А, сеќавањата понекогаш нѐ водат и до невозможни идеи и цели.
Армијата решена е да ги следи чекорите на големиот Александар!