Ливерпул го совлада Челзи со 2-1 во дербито на „Енфилд Роуд“ и се врати на врвот на табелата во Премиер – лига, со предност од еден бод пред Манчестер Сити. Тимот на Арне Слот заслужено ги освои трите бода.
Гостинот од Лондон даде голем отпор на „Енфилд Роуд“ и можеби не заслужи пораз, но машинеријата на Слот го суреди Челзи и така Ливерпул пак го прескокна Манчестер Сити на табелата.
Човек на одлука беше Кертис Џонс, кој погоди во вториот дел. Човекот кој ги мина сите младински категории на Ливерпул и игра само за овој клуб во целата кариера, беше стрелец во 51. минута по асистенција на Мохамед Салах.
Мохамед Салах постигна гол од пенал во 29. минута, и донесе водство за Ливерпул.
На стартот од второто полувреме, Николас Џексон го израмни резултатот за Челси.