Англискиот шампион Манчестер сити се пласира во полуфинале на ФА-купот, откако вечерва го здроби со 6-0 Барнли, а хет-трик постигна норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд.
Норвежанецот Халанд постигна два гола во првото полувреме, во 32. и 35. минута, по што резултатот не се менуваше до крајот на првите 45 минути (2-0).
Халанд го постигна третиот гол во 59. минута, а Алварез зголеми на 4-0, по што стана јасно дека Барнли го чека катастрофа на „Итихад“.
Во продолжение од средбата беа постигнати уште два гола, откако најпрво Палмер, а потоа Алварез погодија за конечни 6-0.