Рома продолжува да игра променливо на стартот на новата сезона, откако дојде до само бод на гостувањето кај Торино (1-1), на незадоволство на навивачите на овој тим.
Жозе Мурињо и неговите фудбалери имаа шанса да дојдат до победа, но не успеаја да ја сочуваат предноста.
По 0-0 во првото полувреме, Ромелу Лукаку во 68 минута донесе водство на Рома од 0-1. Сепак домаќинот успеа да најде начин да се врати во овој дуел, Запата израмни на 1-1 на асистенција на Илиќ.
По овој бод, Рома се наоѓа на 13 место, додека пак Торино е на деветто место.