Шпанскиот гигант Барселона го промовираше своето најзвучно и најголемо засилување, полската гол-машина Роберт Левандовски во Мајами и тоа на плажа.
Каталонците се на Флорида за предсезонската турнеја, а Левандовски после комплетирањето на трансферот директно им се приклучи на новите соиграчи во САД и денеска официјално петкратниот европски првак го претстави откако се договори со Баерн Минхен за трансферот вреден 50 милиони евра.
Левандовски доаѓа во Барса како двоен освојувач на наградата „бест“ за најдобар светски фудбалер според ФИФА, после осум години и урнати безмалку сите рекорди во Бундеслигата.
„Јас сум напаѓач и сакам да давам голови, тоа е најдоброто и најубавото нешто. Во фудбалот секогаш треба да си гладен за успеси, за голови, а јас сум таков. Сакам и во Барса да пишувам историја“, рече Полјакот.