На натпревар од Третата македонска фудбалска лига – Исток, помеѓу екипите на Дојранско Езеро и Овче Поле, беше постигнат гол каков што ретко може да се види не само на нашите терени, туку и воопшто.
Домаќините го добија дуелот со 2-1, а еден од головите беше посебна приказна.
Фудбалерот на Дојранско Езеро, Слободан Митков шутираше слободен удар од околу 30. метри, испрати вистинска бомба која прво ја погоди пречката, па топката го удри гостинскиот голман во грб и заврши во мрежата.