Лацио направи пресврт и ја победи Специја со 3-4. На полувреме водеше домаќинот, а на крајот славеа „лацијалите“.
Амиан донесе водство за Специја, но Чиро Имобиле израмни од пенал. Специја дојде до нова предност со голот на Агудело, но Проведел си постигна автогол за 2-2 на почетокот на второто полувреме.
Специја и третпат поведе со голот на Христов, но Лацио во финишот направи пресврт со головите на Сергеј Милинковиќ – Савиќ и на Франческо Ачерби.