Арсенал покажува дека е зрел за титула во Премиерлигата, која ја чека веќе две децении. На незгодното и тешко гостување на „Енфилд роуд“, „топчиите“ за пола час му дадоа два гола на Ливерпул, најавувајќи победа со која повторно би се вратиле на плус осум бода пред Манчестер сити со меч повеќе.
Габриел Мартинели даде гол после шест минути игра, а Габриел Жесус на асистенција на Мартинели во 27-та ја дуплираше предноста, па Арсенал има сега огромна предност за да дојде до нови три бода и да ја продолжи трката за титулата.