Многу возбудлив натпревар одиграа Ваљадолид и Мајорка во шпанската Ла Лига, на крајот двете екипи си поделија по еден бод (3-3).
Перез во 33. минута им донесе водство на домаќините, но Мајорка со погодоците на Муричи и Морланес направи целосен пресврт до 58. минута од натпреварот.
Во 68 мин. Амалах погоди за 2-2, а Мончу погоди за пресврт на Ваљадолид и предност од 3-2 на четири минути пред истекот на регуларниот дел од натпреварот.
Мајорка се спаси дури во 94. минута кога Муричи реализира пенал и со својот втор гол ги постави конечните 3-3.
Ваљадолид се наоѓа на 15. место со 29 бодови, додека Мајорка е на 12. позиција со 34 бода.