Наполи одигра уште еден пријателски меч во кој славеше со 3-1 против премиерлигашот Кристал Палас, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во стартниот состав.
Кристал Палас имаше добар почеток на мечот и водство од 1-0 преку голот на Заха, но Наполи се врати во игра во 35. минута кога Осимен погоди за 1-1.
Наполи во вториот дел направи целосен пресврт, а два гола постигна Распадори, додека Елмас остана на теренот до 73. минута по што беше заменет.
Екипата на Елмас е прва во калчолигата со 41 бод по 15 одиграни меча, а ги следи Милан со 33, додека во топ-4 се уште и Јувентус и Лацио.