Англискиот вицешампион Ливерпул до крајот на сезоната ќе се бори уште за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се соочи против шпанскиот првак Реал Мадрид, но премиерлигашот претходно реши да реализира едно засилување.
Еден ден по завршување на Премиерлигата, тимот на Јирген Клоп на социјалните мрежи потврди дека го купиле Фабио Карвалјо за кој беше јасно дека ќе се пресели на „Енфилд“ уште во јануари.
Ливерпул за услугите на Карвалјо плати пет милиони фунти колку што бараше Фулам, а засега не се познати останатите детали од договорот.
Португалецот беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Чемпионшип-лигата, постигна 10 голови и осум асистенции.