Кошаркарот на Голден Стејт,  Ендрју Вигинс , имаше  неверојатно забивање преку Лука Дончиќ во третиот меч од финалната серија на Западот против  Далас. Потегот влезе во ТОП 5 најдобри моменти од вечерта.

Дончиќ по натпреварот призна дека Вигинс имал посебно забивање.

„Тој лесно ме удри, но беше импресивно, нема да лажам. Повторно ја гледав репризата… леле. Неверојатно. Повеќе би сакал да го изведам ова сам“, изјави Словенецот.