Првото полувреме беше изедначено, а „воините“ клучната предност ја обезбедија во третиот период, во кој беа подобри со 30-21, колку што на крајот изнесуваше нивната предност. На „телињата“ не им помогна ниту фантастичната партија на Лука Дончиќ, кој средбата ја заврши со 40 поени и 11 скока, додека кај гостите најдобар беше Стив Кер со 31 поен и 11 асистенции.

 

Г. Стејт сега води со 3-0 во серијата, а првата од трите меч-топки ја има, веќе на вториот меч по ред во Далас.