Македонскиот фудбалер Илија Несторовски го постигна првиот гол по 15 месеци пауза во Серија А, кој му помогна на Удинезе да слави со убедливи 4-0 против Салернитана во последното коло од првенството.
Деулофеу прв ја затресе мрежата на екипата од Салерно, а потоа Несторовски погоди за водство од 2-0, додека до крајот на првите 45 минути Удинезе погоди уште еднаш.
Переира промаши удар од белата точка во шестата минута од судиското надополнување во првото полувреме, но потоа ја поправи својата грешка и во 57. минута ги постави конечните 4-0.
Каљари имаше шанса да избега од опасната зона, но не успеа да ја победи последнопласираната Венеција (0-0), па следната сезона и двата тима ќе играат во Серија Б.