Легендарниот украински фудбалер Анатолиј Тимошчук всушност е таен руски агент. Неверојатно звучи информацијата која ја објавија украинските медиуми дека тој пред неколку години потпишал дека ќе соработува со ФСБ (Руска тајна служба) и дека ќе и служи на Русија. Токму затоа Тимошчук не излезе со ниту една изјава јавно да ја осуди воената инвазија на Русија над неговата земја.

Сега многу пореално изгледа потегот на Украинците кои донесоа одлука Тимошчук буквално да биде „избришан“ од историјата на украинскиот фудбал иако дури 144 пати го носеше националниот дрес. Тој одби да го напушти рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург каде работи како член во стручниот штаб, а најновата вест е дека уште пред неколку години се согласил да биде и руски агент.