Страшни вести пристигнуваат од Португалија. Еден навивач на Порто убиен е на прославата на 30 -та титула на овој славен клуб.

Игор Силва избоден е до смрт, а неговата девојка се наоѓа во многу тешка состојба- така гласат информациите кои пристигнуваат од Пиринеите.

Сето тоа се случило после победата на Порто на гостувањето во Лисабон. Несреќниот навивач дошол во судир со друг навивач на Порто и се завршило со голема трагедија. Да се биде уште потрагично- убиецот и починатиот биле фанови на Порто.

Игор Силва имал само 26 години.

 

ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО