Во првиот меч во новата година во Премиерлигата, Астон Вила како гостин успеа да слави кај Тотенхем со 0:2 и тоа среде Лондон. Јасно е дека “спарси“ беа фаворити, но гостите беа подобри, успеаја да постигнат два гола и тоа преку Буендиа во 50.минута и Даглас Луиз, по една прекрасна акција во 73.минута и да слават голема победа.

Иако ослабен неговиот тим со неиграњето на неколку стандардни првотимци, факт е дека стратегот на Тотенхем, Антонио Конте беше надмудрен од својот колега од спротивниот табор Унаи Емери во секој поглед.

Со овие три бода тимот од Бирмингем остана на 12 место со 21 бод, додека Тотенхем и натаму е петти со 30 бодови.

https://twitter.com/revohofficial/status/1609576359818305537?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1609576359818305537%7Ctwgr%5E4475849597b1347b392178930e5e856fce5d8334%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fnovogodishno-iznenaduvane-vo-premier-ligata-totenhem-shokiran-od-aston-vila-video%2F