Во фокусот на фудбалска Европа беа натпреварите во ЛШ, но вчера се играѓе во Англија, во Чемпионшип лигата каде се случи еден потег кој ќе се памети.
На средбата меѓу Квинс Парк Ренџерс и Вест Бромвич Албион (2-2) во еден момент гостите играа со „двајца голмани“ затоа што дефанзивецот Седрик Кипре во вториот дел имаше една спектакуларна интервенција со рака на гол линијата, „мајсторија“ која мина незабележано од судиите.
По ударот на Сем Филд топката сигурно ќе завршеше во голот, но Кипре со рака спречи израмнување на 2-2 во тој момент.
Во Чемпионшип нема ВАР технологија што во случајот беше топ вест за Седрик и неговиот ВБА.