Марија Шарапова го промени личниот опис – сега наместо на себе личи на Лепа Брена. Поранешната најдобра светска тенисерка и повеќекратна гренслем победничка, Марија Шарапова, сподели фотографии од неодамнешната Модна ревија во Париз, кои предизвикаа огромни реакции на социјалните мрежи.
Причина за тоа е фактот што таа не само што е промената, туку нејзиниот изглед е далеку од тој за време на спортската кариера, секако поради многу естетски зафати.
„Господе, дали ова навистина е Марија? Што е со нејзиниот нос?“; „Не те препознав, си го уништи изгледот“; „Не, ова не си ти“; „Ми недостига старата, природна Марија “; „Што ти се случи?“, „Што си направила со лицето?“, беа само дел од коментарите.
Меѓу нив имаше и многу од обожаватели од Балканот, меѓу кои голем дел беа дека сега повеќе личи на Лепа Брена отколку на самата себе. Тенисерката подолго време живее во САД, а пред година и пол стана мајка и на свет го донесе синот Теодор, кој го доби со својот вереник, британскиот милионер Александар Гилкс. Шарапова го освои Вимблдон во 2004 година кога имаше само 17 години, а две години подоцна триумфира и на Ју-Ес Опен. Победи на Австралија опен во 2008 година, а во 2012 и 2014 година го освои Ролан Гарос. По повлекувањето од тенисот, таа лансираше свој бренд, кој нуди секакви слатки и бонбони во повеќе од 20 земји низ светот.