Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на светската јавност дури и кога не игра, односно додека се одмара за настап на пролетната американска турнеја во Индијан Велс и Мајами.
Српскиот тенисер беше споменат во интервјуто на фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, во кое напаѓачот говореше во суперлативи за најдобриот тенисер на сите времиња.
„Го сакам Ѓоковиќ, мислам дека е најдобар. Тој е свој и тоа што го постигна е неверојатно. Дојде од никаде во својата мала земја. Тој е мој идол“, изјави Халанд во подкаст на кој гостуваше.
Не помина многу време а неговите зборови стигнаа до Новак, кој веднаш му испрати краток одговор на Норвежанецот.
„Ти благодарам брате“, напиша Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер испадна во полуфиналето на Австралија опен минатиот месец, по што реши да земе одмор, па негов следен турнир е мастерсот во Индијан Велс, кој е закажан за 6-17 март.