Финалето на женскиот дел на Мастерсот во Рим ќе го играат полската тенисерка Ига Свјатек која ја продолжи серијата без пораз и Онс Џабеур која по голема борба ја совлада Дарија Касаткина .
Со полно титулата „Кралица на пресвртот“ ја носи Тунижанката Онс Џабеур (ВТА – 7.) , која спаси меч топка против Русинката Дарија Касаткина (ВТА – 23.) и победи во полуфиналето со 6:4, 1:6, 7: 5 и ќе игра во финалето против најдобрата тенисерка во светот, Ига Свјатек од Полска за титулата победник на римскиот ВТА 1000 турнир.
Во десеттиот гем од третиот сет, Касаткина сервираше за пласман во финалето, доаѓајќи на еден поен до победата, но Џабеур најде начин да ја продолжи својата победничка серија, која втор ден по ред беше опасно загрозена.
Таа во четвртфиналето не спаси меч топка во мечот против Гркинката Марија Сакари, но се врати од 1:6, 2:5. Минатонеделната победничка од Мадрид нема пораз во последните 11 натпревари и ќе ја тестира својата серија во недела против Ига Свјатек.
Полјакињата има своја серија и нема пораз дури од 16 февруари и второто коло на турнирот во Дубаи, по што забележа 27 победи и со тоа се израмни со Серена Вилијамс, која е последната тенисерка на која тоа и успеа (2014 и 2015).
Свјатек, која го прескокна турнирот во Мадрид, ја победи Белорусинката Арина Сабаленка (ВТА – 8.) со 6: 2, 6: 1 за да се пласира во финалето во Рим.
Полската тенисерка во своето деветто финале ќе игра за осмата последователна титула, додека Тунижанката патот до третиот трофеј ќе го бара играјќи во седмото финале во кариерата.
Во дуелите со 20-годишната Свјатек, шест години постарата Џабеур води со 2-1, но ова ќе биде нивна прва пресметка на земја.
ВТА Рим – Полуфинале
Ига Свјатек (ПОЛ / 1) – Арина Сабаленка (3) 6: 2, 6: 1
Онс Џабеур (ТУН / 9) – Дарија Касаткина 6: 4, 1: 6, 7: 5