Новак Ѓоковиќ има право да ја тужи државата Австралија до меѓународните институции за тортурата низ која поминал во последните 11 дена додека бил во таа земја.
Новак поради самоволието на австралиската влада остана без можност да се бори за титулата која носи 4,4 милиони американски долари. Познатиот адвокат кој е роден во Битола а долги години работи во Белград Тома Фила, изјави дека Ѓоковиќ има основа да ја тужи Австралија и организаторите за тоа.
– Според српските, Новак би можел да ја тужи државата Австралија и организаторите на Грен слем. Со нас можеше! Но треба да се види што е со австралиското право. Неговите адвокати треба да проценат дали Австралија и организаторите го доведоа во заблуда. Не заборавајте, тој помина голем број денови во затвор, каде што беше малтретиран. Без разлика дали вреди да се поднесе тужба или не, Ѓоковиќ треба да плати 500.000 долари врз основа на судските трошоци на Австралија. Плус да се платат адвокатите.
Тома Фила продолжува:
– Беше подложен на третман кој е навредлив и понижувачки. Тој бил чуван во хотел кој служи како затвор, а телефонот дури му бил одземен. Го поистоветуваат со човек кој сака да се прошверцува во земјава, а не заборавајте Ѓоковиќ доби виза па му ја укинаа. За време на целиот негов престој во Австралија го третираа како ѓубре – заклучи познатиот адвокат.