Карлос Алкараз денеска триумфираше на АТП турнирот во Пекинг и со тоа дојде до едно големо достигнување на кое можат да му позавидат и тенисерите од „големата тројка“ која владееше со овој спорт до пред неколку години.

Шпанецот стана прв тенисер во историјата кој освоил барем еден турнир од серијата 500 на секоја подлога. Се почна пред две години со триумфот во Рио де Жанеиро, потоа славеше и во Барселона, двата турнира на земја, лани освои трофеј во Квинс на трева, а сега конечно и на бетон во кинеската престолнина.

Во јули годинава тој стана најмлад тенисер кој освоил Гренд слем титули на сите турнири, а следна цел ќе биде да триумфира на Австралија Опен и да стане најмлад со пехар(и) на сите Гренд слем турнири. Со 21 година тој веќе има четири Гренд слем титули и е на добар пат да стане еден од најдобрите во историјата на тенисот.

Во финалето кое беше спектакуларно Шпанецот го совлада првиот светски тенисер со 2-1 во сетови (6)6-7), 6-4, 7-6(3), по три часа и 21 минута феноменален тенис.

Се редеа одлични поени од почетокот до крајот. Алкараз прв стигна до брејк и поведе со 3-1 во првиот сет, но при водство од 5-4 му дозволи на Синер да го врати брејкот и да остане во првиот сет. Откако Алкараз пропушти три сет топки, Синер успеа да поведе со 1-0.

Во текот на вториот сет. Алкараз во завршицата од сетот стигна до брејк во деветиот гем и не дозволи да ја испушти предноста, па израмни на 1-1 во сетови.

Драмата кулминираше во третиот сет. Алкараз дојде до брејк во третиот гем за водство од 2-1 и изгледаше дека тогаш ќе го одлучи мечот. Сепак, Синтер повторно се врати и му го одзеде сервисот во осмиот гем за израмнување на 4-4.

На крајот се беше одлучено во тај-брејк каде што Алкараз за нијанса беше подобар и дојде до трофејот.